Абу Даби е главен град и втор најголем
град во Обединетите
Арапски Емирати. Абу Даби лежи на остров во Т-форма во Персискиот залив од страна на
централниот западен брег. Градот се простира на површина од 67.340 км2, а во
него живеат 859.749 (податоци од 2008). Во Абу Даби се наоѓаат значајни градби
на сојузната влада, градот е седиште на Владата на Обединетите Арапски Емирати.Во него се наоѓа и
домот на кралското семејство. Абу Даби прераснa во космополитска
метропола. Неговиот брз развој и урбанизација, во комбинација со
релативно високиот просечен приход на населението, го менува Абу Даби.
Денес, градот е политички центар на земјата,
центар на индустријата, како и најголем културен и трговски центар
и поради својата положба како главен град. Градот сам учествува до 15% од
вкупниот БДП на Обединетите
Арапски Емирати. Абу Даби е дом на важни финансиски институции како што се
берзата во Абу Даби, Централната банка на Обединетите Арапски Емирати и
корпоративното седиште на многу компании и на повеќе мултинационални
корпорации. Како главен град на земја, која е меѓу најголемите светски
производители на нафта, Абу Даби активно ја шири својата својата економија во
последните неколку години преку инвестиции во финансиските услуги и туризмот.
Абу Даби е трет најскап град во регионот, и 26 најскапиот град во светот.
Историја
Градот е основан во 1760 година. за градот
е врзана една прекрасна легенда. Арапите-ловци од една оаза бркале газела. Газела долго трчала во
пустината, а потоа го довела ловците на на брегот на Персискиот Залив, каде се
нурнала во водата и продолжила до островот. Ловците ја следеле, а газелата ги
довела до извор на прекрасна слатка вода. Со благодарност, ловците газелата ја
оставиле да живее, а во околината на изворот, се населиле и местото го нарекле
„татко на газела„ што на арапски звучи како Абу Даби.
Економија
Главниот економски центар е во северниот
дел од градот, каде се наоѓаат неколку административни и финансиски центри, во
населбата Корниш. Во овој дел од градот се изградени високи облакодери, а
населбата е наречена „Менхетен на Блискиот исток“. Остатокот од градот се вили
на богатите жители на градот. Развојот на градот и неговиот современ изглед бил
забрзан уште во 1980-тите. Но, и покрај овој развој, развојот на Дубаи во моментов, го прави градот Абу Даби поскромен
и понеатрактивен. И покрај тоа, градот учествува со околу 15% од вкупниот БДП на земјата.
Старите такси-автомобили во Абу Даби, беа заменети со нови, со сребрена боја.
Главен вид на превоз во градот е такси. Во градот има широки и современи улици, со три ленти во секоја насока. Интересно е што во правец север-југ се протегаат патиштата, а во правец исток-запад улиците. Средината на улицата е поделба Ивица, кој обично е поддланка. Во средината на улиците, обично има тревни области, во кои се засадени палми.
Образование
Во Абу Даби има неколку меѓународни и
локални приватни училишта и универзитети. Во нив се говорат неколку јазици, кои
ги зборува населението во градот.
No comments:
Post a Comment