Како да аплицирам

Постапката за аплицирање и добивање на работа е многу едноставна и се одвива низ неколку чекори:

1. Потребни ви се следните документи
 Биографија на англиски јазик;  Фотографија пасошки формат; Целосна фотографија (full body size) во официјална деловна гардероба;  Препораки од претходни вработувања на англиски јазик(доколку имате) ; Диплома за завршено образование (преведена на англиски јазик од овластен судски преведувач);  Потврда за неосудуваност (преведена на англиски јазик од овластен судски преведувач); Соодветни сертификати (доколку имате).

2. Обука
Потоа Ќе организираме обука за докфалификации според стандардите и барањата за вработување од нашите партнери каде ќе добиете материјали за обука.


-Ќе ве обучиме како да станете личност која ќе им се допадне на потенцијалните работодавачи;
Ќе ве подготвиме за интервју, како и за земјата и работата што ве очекуваат;
-Ќе ве научиме на правила на однесување и обврски што мора да ги почитувате, како на работното место, така и пошироко- во земјата;
-Ќе ве подучиме на деловната пракса, за начинот на живот и обичаите во странската земја; 
-Ќе се обидеме да ве подготвиме за среќавање со нова култура;


3. Интервју
Ќе ви организираме интервју со потенцијален работодавач.
Ќе ви организираме лекарски преглед со оние испитувања кои ги бара вашиот работодавач.

4. Договор за работа
 Ќе потпишете договор за вработување со новиот работодавач кај нас во канцеларија. Повратен авионскиот билет и виза ќе ви обезбеди вашиот работодавач. Исто така ќе добиете бесплатно здравствено осигурување, пречек на аеродром, редовно исплаќање на плата според договорот, ќе имате организиран превоз од местото на живеење до работа и назад. 

No comments:

Post a Comment