Friday, January 2, 2015

Обединети Арапски Емирати



 Обединетите Арапски Емирати или ОАE се држава во Југозападна Азија. Се наоѓаат на полуостровот Арабија. Се состојат од седум емирати. Главен град е Абу Даби.






Етимологија
Името на државата Обединети Арапски Емирати е самото описливо. „Обединети“ се однесува на федералниот систем на управување на државата, „арапски“ се однесува на етно-географското потекло на народот и регионот a „емирати“ се федералните единици каде управува емир.  

Историја
Обединетите Арапски Емирати се изворно формирани од организираниот Арапски Полуостров низ јужниот брег Персискиот залив и северозападниот брег на заливот на Оман. Тоа е дел на Оман и затоа е наречен Заливот на Оман . ОАЕ се создадени во 1971 кога емиратите се одединиле во една обединета држава . Таа е развиена во модерна високо-доходна држава.

Географија и клима
Oбединетите Арапски Емирати се сместени во Југозападна Азија граничејки со Оманскиот и Персискиот Залив. Помеѓу Султанството Оман и Саудиска Арабија.Обединетите Арапски Емирати лежат помеѓу 22°50′ и 26° СГШ и помеѓу 51° и 56°25′ ИГД .Со 530 км граничи со Саудиска Арабија на запад, југ и југоисток, а со 450 км граничи со Оман на југоисток и североисток. Земјата граничи и со Катар во Хавр ел-Удајд, област која е прототип за актуелен конфликт. 

Политички систем
Претседателството и Премиерството на Обединетите Арапски Емирати наследно од родот (кланот) ел-Нахјан на Абу Даби и родот ел-Мактум од Дубаи. Врховното собрание,тоа го сочинуваат 7 емирати, Се бира и Совет на министри додека еден член е именуван од 40 членови. Тука е и сојузниот судски систем на сите емирати, освен Рас ел-Хајма кој е зачленет во сојузниот систем. Шеикот Зајед ел-Султан ел-Нахјан бил претседател на унијата се до 2 ноември 2004 г, односно до неговата смрт. Врховното собрание го назначи за претседател Халифа бин Зајед ел-Нахјанм сино на Зајед бин Султан. Опати (2008) ги опишуива владините политичари во ОАЕ како една елитна класа на кралски владетели кои ги донесуваат сите одлуки во земјата во поглед на политиката и економијата во која се спроведува сè посовремена бирократија.
  

Економија
Соединетите арапски емирати имаат рапидно растечка економија и високи стандарди. По економско производство е 14 место во светот и трето на Блискиот Исток по Катар и Кувајт. Има повеке различни проценувања на растењето на економското производство во ОАЕ. Како и да е, сите статистики покажуваат дека ОАР моментално има една од најбрзорастечките економии во светот. Според скорешен извештај на министерството за финансии, економскита трговија се покачила за 35% во 2006 година на 175 милијарди долари, во споредба со 130 милијарди во 2005 година. Иако ОАЕ стануваат сè помалку зависни на природните ресурси за развој на економијата, извозот на нафтата и земен гас сѐ уште игра важна улога во економијата. Огромниот градежен расцут и сè поголемата производна основа останати услуви им на помагаат ОАЕ да ја пренасочи својата економија. Во земјата моментално има вложени 350 милијарди долари во активни градежни проекти. Едни од тие проекти се Бурџ Халифа ,Аеродромот во Дубаи и Палмините Острови - најголеми уметнички вештачки острови во светот. Потоа следуваат, „Дубај Мол“, кој претставува најголемиот трговски центар на светот, и рачно направениот архипелаг наречен „Свет“, предвиден да ја прошири брзорастечката туристичка дејност. Во забавниот сектор игра улога „Дубаиленд“, двојно поголем од Дизниленд. Спортскиот град - Дубаи вдомува спортски групи, со можност и за приредување на олимпијада.

                  




























No comments:

Post a Comment