Thursday, January 15, 2015

НАЈЕКСКЛУЗИВНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ДУБАИ

Дубаи важи за еден од најнапредните градови на денешницата. Со своите високи згради и вештачки острови претставува град кој не се плаши да покаже дека може да биде најдобар. Истото се однесува и за хотелите во градот. Ова се најексклузивните.


„Атлантис“ е хотел со 1539 соби кој се наоѓа на вештачкиот остров во форма на палма. Најскапото сместување во хотелот ги поврзува двете половини од хотелот и вклучува три спални соби, дневна соба, трпезарија за 16 луѓе, посветен тим од батлери и готвачи, сопствен влез со обезбедување и приватен лифт.


Супер-апартманот во „Атлантис“ се наоѓа под вода. На таванот има прозорци кои гледаат кон лагуната Амбасадор и 65.000-те морски суштества кои живеат таму.



„Бурж Ал Араб“ се нарекува најлуксузниот хотел во светот. Односот на послугата и гостите во хотелот е 8:1. Најскапиот апартман зафаќа површина од 780 квадратни метри и вклучува две спални соби, приватно кино, сопствен лифт и ротирачки кревет.



Хотелот во трговскиот центар „Кемпински“ е популарен за туристите кои сакаат да пазарат, но и бидејќи ги вклучува најнеобичните опции за престој во Дубаи. Тука може да скијате, но хотелот нуди и апартмани кои вклучуваат лустери од кристали „Сваровски“, дневна соба и трпезарија со лични батлери.




Во „Уан&Онли“, најексклузивниот апартман е уникатно дизајниран и нуди импресивна голема тераса. Освен овој апартман, балкони има и во двете најголеми соби од 325 квадратни метри.


   
           

Апартманот „Армани“ во истоимениот хотел бил дизајниран од Џорџо Армани и зафаќа еден кат во хотелот кој се наоѓа во Бурж Калифа, највисоката зграда во светот. Тој вклучува две спални соби, бар, работна просторија и приватна теретана.



Хотелот „ЏВ Мериот Марис“ е највисокиот хотел на светот. Претседателскиот апартман, кој се наоѓа на два ката и вклучува приватна сауна.



Големиот кралски апартман во „Риксос“ има поглед од 360 степени на островот Палма и на Морскиот град. 

No comments:

Post a Comment